Комисијата за односи со верските заедници го честита Успението на Пресвета Богородица
По повод празник Успение на Пресвета Богородица Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи денеска упати честитка до поглаварот на МПЦ ахриепископот охридски и македонски г.г. Стефан и православните верници.
- На овој голем Православен христијански празник ја славиме големата љубов и добродетел на Мајката Божја, присетувајќи се притоа на најголемата љубов, а тоа е љубовта кон својот ближен, која го осветлува и облагородува животот на секој човек. Нејзиниот благороден лик и дело се запалена свеќа која им се јави на оние што беа во темнина, а нејзиниот светол лик е сила во тешките мигови, исцеление на нашите рани и вознес кон светите божји вредности. Успението на Пресвета Богородица е сведоштво за тоа дека таа е меѓу нас, само треба да ги отвориме нашите срца и души за да ги примиме нејзините небески зраци, се вели во честитката.
Чествувајќи го овој празник, се додава во неа, да се присетиме на големиот духовен оган кој за нас го запали Мајката Божја со кој го победи стравот и предрасудите и ја зацврсти љубовта на човек кон човека, на човека кон Бога. Затоа, на овој голем празник заедно да се помолиме за здравје, меѓусебна љубов и благодет во нашите семејства и во целиот свет воопшто.