777 Македонци лани станале германски државјани

 

777 се Македонци од вкупно 112.300 странци кои лани добиле германски пасош, пишува Дојче Веле.

Според DW, најголем дел од новите државјани на Германија се со турско потекло, а минатата година пораснал и бројот на Срби, Косовари и Црногорци кои станале германски државјани.

Германскиот пасош повторно е многу баран кај странците во Германија. Четврта година по ред расте бројот на странци кои добиле државјанство. Според информациите на Сојузната служба за статистика од Висбаден, во минатата година германски пасош добиле околу 112.300 странци, што е речиси пет проценти повеќе од 2011 година, пренесува DW.

27.08.2013 - 10:10

најчитано сега