Груевски: Или изгласајте Извештај по ваша мерка или ајде на избори па народот нека реши
„ВМРО-ДПМНЕ ги нуди следните алтернативи. Предлагаме Комисијата да се собере веднаш и да изгласа Извештај со надгласување. Ако Давитковски не сака да гласа вака, подготвени сме да прифатиме кој сакаат претседател па и самиот Бранко Црвенковски, Јани Макрадули, Радмила Шекеринска или кого сакаат. Со тоа ќе добиеме партиски извештај и целата јавност ќе знае дека е така но барем ќе го имаме.
Втора алтернатива ако ова е неприфатливо. Веднаш во понеделник на итна седница да распишеме вонредни парламентарни избори. Претходно да потпишеме Извештај со правни квалификации по мерка на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе важи само ако ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови на изборите и еден извештај со квалификации по мерка на СДСМ кој ќе стапи во важност доколку СДСМ освои повеќе гласови на изборите.
Понеделник е последен ден на кој може да се распишат избори кои би се одржале пред 16 октомври, денот на објавување на Извештајот на Европската комисија. изборите бис е одржале на 13ти октомври - недела. Предвремените избори имаат смисла само ако се одржат пред Извештајот на ЕК. Затоа, или изгласајте партиски извештај или ајде на избори па народот нека реши.“, рече Груевски на вечерашната прес-конференција.
„Новото раковдство се обиде да одглуми независност и различност од нивниот вечен лидер. Но дојде крај ан таа игра и деструктивноста се врати. СДСМ во изминатите денови преку порталите кои ги контролира постојано пушташе сплетки. Ние молчевме и работевме и не сакавме да се служиме со нивните методи на интриги. Бевме спремни на компромис во име на државните интереси и интеграциите. Имаа време за се, и за митинзи и за пејачи и за се освен за Комисијата, се додека не го побарав Заев за средба која не можеше да ја одбегне„, рече Груевски.
Го зинесе и својот став за настаните од 24 декември.
„На 24 декември Бранко Црвенковски го втруна СДСМ во 5 месеци планирано сценарио. Се надеваше на гласови во создадениот хаос. Не знам дали некого ова го потсетува на неговото враќање после конфликтот од 2001ва. Но повој пат имаа поинаков противник.
Се спротивставивме согласно Уставот. Интервенцијата на службите беше легитимна, законска и во насока на заштита на уставот. Присуството на новинарите е само пракса и не е регулирана со пишан документ а нивното отстранување беше дел од поширока безбедносна стратегија. таму имаше и партиски активисти кои се претставуваа како новинари. Јавноста се обезбеди преку директниот пренос.
Ставот бил и ќе биде дека 24.12 беше ден кога законски се одбрани и заштите уставот и парламентот на република македонија. Исто, став е дека СДСМ го прекрши уставот, блокирајќи го Парламентот и спречувајќи го во неговата работа“, изјави премиерот.
Груевски рече дека за време на преговорите биле подготвени да попуштат само во интерес на државата но СДСМ одел со максималистички барања.
„За време на преговорите сепак, најголем дел од овие наши ставови се согласивме да не влезат во извештајот. Знаевме дека нема да прифатат реален извештај. Кога го виде ова креаторот на 24.12 и се исплаши дека ќе има Договор со новото раководство. По ова СДСМ излезе со сосема нова позиција, дека не само што тие ќе бидат амнестирани туку ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат проглесени за виновни.
Со оглед на тоа што сме најголема партија и имаме за противник расштиман оркестар решивме да им попуштиме. Но џабе. Бараа експлицитно да стои дека сме го прекршиле Уставот а нашите претставници во комисијата да гласаат за тоа и д аго потпишат. Тоа е кога личниот интерес се става над државниот. Тоа е Бранко Црвенковски. На средбата во вторникот ги потсетив дека три месеци по 24.12 имавме локални избори и на крајот резулотатот беше 58 наспрема 4 градоначалници. Им кажав дека од ова секој разумен политичар би извлекол заклучок. Им реков дека повторно можеме да распишеме избори за да го прашаме народот“, изјави Никола Груевски.