Природниот приарст на населението во земјава во позитива

Природниот прираст во второто тримесечје од годинава е позитивен и изнесува 852 лица, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца изнесува 5.470 живородени деца што е за 5,5 отсто помалку во споредба со истиот период лани.

Бројот на умрените лица, пак, бележи намалување од 5,4 проценти и изнесува 4.618 од кои 59 се доенчиња.

Во второто тримесечје од 2013 склучени се 3.335 бракови или 4,4 отсто помалку во споредба со истиот период минатата година. Разведените бракови, вкупно 684, бележат зголемување.

23.08.2013 - 16:30

најчитано сега