Се вратија дечињата од бесплатното летување на Пелистер

 

Децата од кавадаречкото село Возарци се вратија од бесплатното летување на Пелистер, кое е во рамки на проектот на Владата го финансираше Министерството за животна средина, а го организира еколошкото друштво „Тисовец” од ова село.

- Станува збор за 40 деца кои имаа можност бесплатно да летуваат. За 30 од нив парите ги обезбеди Министерството за животна средина. Во овој проект по втор пат се вклучува и „Фени индустри” како најголем стопански субјект во регионот. Компанијата донираше средства за летувањето на 10  деца. Истовремено ги поддржува сите наши активности па се надеваме и на понатамошна соработка со нив, рече екологистот Сашко Данов, претседател на  ова друштво.

Тој изрази задоволство од организацијата за летување на децата кои на Пелистер ги посети и министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми. 

23.08.2013 - 15:43

најчитано сега