СДСМ ги открива кандидатите за градоначалници

СДСМ полека ги открива нивните кандидати за градоначалници на претстојните локални избори во Македонија.

На 15 октомври за општина Кисела Вода, СДСМ ќе го кандидира Филип Темелковски, кој 4 години е претседател на општинската организација на СДСМ.

За Штип битката за градоначалничка позиција ќе ја води потпретседателот на партијата и пратеник во Собранието, Благој Бочварски, а за тоа објави и на Фејсбук.

Потоа, во Охрид кандидат на партијата на Зоран Заев ќе биде професор Д-р Јован Стојаноски, кој е професор со долгогодишно искуство.

СДСМ вчера го откри и кандидатот за градоначалник на скопско Арачиново. Таму ќе настапат со жена, и тоа Мелитие Халими.

 

 

 

 

02.09.2017 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега