Уште две прашања ја делат ад хок Комисијата од решение - Давитковски на средба со Протоѓер и Шекеринска

Претседателот во оставка на Комисијата за расветлување на настаните од 24. декември, професорот Борче Давитковски во моментов во Клубот на пратениците во Скопје треба да одржи средба со шефот на кабинетот на премиерот Груевски, Мартин Протоѓер и со потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

Доколку се усогласат и последните две прашања, најавува Давитковски, по средбата ќе ја свика Комисијата во полн состав.

- Синоќа Комисијата работеше до полноќ. Останаа да се усогласат само уште две прашања. Ако на средбата со Протоѓер и Шекеринска се усогласат и овие две прашања тогаш ќе ја свикам Комисијата, изјави Давитковски.

23.08.2013 - 11:27
Фото: 
Утрински

најчитано сега