Андријана Будимир се мажи во недела

 

Поранешната девојка на Тоше Проески, ракометарката Андријана Будимир, во недела во една скопска дискотека ќе го прослави стапувањето во брак со својот избраник, скопскиот менаџер Јохан, пишува порталот Maxim, повикувајќи се на извори блиски на двојката.

Според информациите кои ги објави порталот Мaxim, на нивната свадбена прослава ќе присуствуваат повеќе јавни личности и естрадни уметници а журката ќе ја збогати познатиот Жаре бербер, долгогодишен пријател на младоженецот.

Извор: Максим

23.08.2013 - 11:21

најчитано сега