Христијан Илиевски нов заменик директор на Агенцијата за странски инвестиции
Македонската Влада на последната седница го именуваше Христијан Илиевски за заменик директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.
Илиевски во минатото вршел значајни функции, а за пофалба е и неговото завршено образование и работно искуство.
Тој во 2006 година дипломирал на скопскиот Филолошки факултет,а потоа, во 2010-та станал магистер по бизнис администрација со завршување на студии во германскиот универзитет Манхеим.
Илиевски е основач и управител на ЛУКСОР ТРАДЕ ДООЕЛ, фирма која се занимава со Увоз и трговија со брендирани производи од оптика. Додека тој е на чело, воспоставена е стратешко-партнерство со водечките призводители за брендирани оптички производи (Luxottica, Safilo, De Rigo and Allison-Italy), удвоена е реализацијата во период 2012-2013, отворен е нов продажен салон, зголемување на продажниот тим, имплементирана е нова стратегија за малопродажната дистрибуција на производите од Луксотика и ДеРиго. Воведена е и на нова ценовна стратегија во сегментот, реализиран е пазарен удел од 40% во сегментот на сончеви очила во Скопје, буџетирање на маркетинг стратегија за градење на препознатливост и зголемување на базата на купувачи со повеке од 10% годишно.
Еве дел од биографијата на Илиевски:
KSB, Р.Германија. Анализа на Пазар и Компететивност
Проект-Магистерска Теза
-Идентификување на нов бизнис потенцијал во пазарот, глобална перспектива замајќи ја во обзир динамичната бизнис средина
-Ревидирање и анализа на компетитивната позиционираност на КСБ во Саудиска Арабиа и Кина, и како резултат, компетиторско кластерирање во сегментот
-Анализа и Евалуирање на компетитивноста на компанијата во суб-сегментите на тие два пазари, посебно во петро-хемискиот сегмент
-Анализа за процесот на одлуки кај големите клиенти во Саудиска Арабиа и Кина и дефинирање на критичните фактори за успех
ЛУКСОР ОПТИК ДОО, Скопје, Р.Македонија (Увоз и трговија со брендирани оптички производи)
Основач/Управител
- Координација на малопродажбата со увозот и промоцијата на производите, контрола во финансиското работење на фирмата како и водење со човечките ресурси.
- Воспоставено стратешко партнерство во увозот резултирајќи со 10-15% кратење на трошоци
- Остварена мултипликација на бизнисот, во период од 5 години волумените дуплирани во приходи и во база на клиенти
- Унапредување на односите со клиентите како главен фокус на фирмата за одделување од постоечката конкуренција во сегментот
- КЛИА ДООЕЛ, Скопје, Р.акедонија. (трговија на мало со оптички производи)
Претприемач
- Започнување на бизнисот сам и со лимитирани средства, работејќи без вработени
- Позиционирање на фирмата на пазарот, планирање на главните дневни и стратешки активности и инвестиции
- Почетни договори со локалните дистрибутери
Илиевски зборува англиски, руски, германски, српски, хрватски и бугарски јазик. Тој ги има завршено следниве курсеви: Intercultural Management Professor Dr Jacques Pateau-2009, Presentation training with Nigel Campbell and Lawrence Good-2009, Change communication management with Torsten Gerharz-2009.