„Многу сме блиску до договор“ - Давитковски оптимист по средбите со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

 

Многу сме блиску до договор во врска со Извештајот на Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември во македонското собрание. Со ваков став претседателот на експертското тело во оставка Борче Давитковски излезе пред јавноста откако одржа одвоени средби со претставниците на двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Давитковски во согласност со претходниот договор со партиите рече дека не може да открие повеќе детали но не го криеше оптимизмот дека решение до петок сепак ќе има.

За утре е закажана заедничка средба со претставниците нас политичките партии и претставникот на меѓународниот фактор на која се очекува конкретно да се усогласат ставовите и во петок извештајот и официјално да се потпише.

Комисијата за случувањата од 24 декември е една од обврските кои Македонија ги презема пред Европската Унија и од епилогот на нејзината работа во голема мера ќе зависи октомврискиот извештај на Европската Комисија особено во делот на декомратските процеси во земјава.

21.08.2013 - 13:24
Фото: 
МИА

најчитано сега