Бојкотот заврши - СДСМ се враќа во Собранието

 

Од следната недела СДСМ се враќа во собраниските клупи. Ваквов договор паднал на вчерашната координација на паратеничката група со Извршниот одбор на партијата. Како што пишува Дневник, одлуката не била едногласна и имало противење на дел од пратниците кои сметале дека треба да се почека епилогот на Комисијата за 24 декември. 
Сепак, по 8 месеци бојкот, социјалдемократите донеле конечна одлука од понеделник да се вклучат во работата на законодавниот дом, а веќе поднеле и амандмани кои ќе ги бранат пред комисиите. Се најавува и нивно учество на пленарните седници.
Вкавиот развој на настаните навестува дека Комисијата за 24 декември до петок ќе си ја заврши својата работа и ќе го усвои финалниот извештај. Дненвик пишува дека пратениците на СДСМ побаралае од централата никако да не се прифаќа делење на одговорноста со владејчакото мнозинство и да се инсистира комисијата да утврди, прекршување на Уставот. 
Неофицијално ВМРО-ДПМНЕ бара кривична одговорност за нападот врз претседателот на Собранието како и за нередите пред законодавниот дом

21.08.2013 - 11:04

најчитано сега