Купивте лубеница и сфативте дека е како „тиква" - со оваа ситница ќе стане слатка како мед
Сигурно сте забележале дека од година во година се поретко се наоѓа лубеница која е сочна, па ако и вие доживеавте разочарување и купивте лубеница која народски кажано е како тиква, тогаш имаме решение.
Верувале или не, треба да ставите малку сол на лубеницата, па контрастот ќе си го направи своето. Исто така, солта ќе отстрани и добар дел од водата во лубеницата.
Она на што треба посебно да внимавате е да не претерате со солта, доволно е само прстофат сол за лубеницата да стане блага.
17.07.2017 - 15:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа