Џафери за настанот во Слупчане: Министерот сам одлучува каде ќе се појави

 

Македонскиот министер за одбрана Талат Џафери во интервју за 24 Вести вели дека неговата посета на споменикот на ОНА во Слупчане, била според Законот за одбрана и Законот за служба во АРМ. Тој во интервјуто потенцира дека функционирањето на Министерството се негова надлежност.

- За тоа каде ќе се појавел министерот е слобода на самиот министер. Министерот слободно одлучува кога и каде ќе се појави јавно, вели Џафери за 24 Вести. 
На прашањето на 24 Вести, дали македонскиот премиер Никола Груевски разговара со него по настанот во Слупчане, Џафери одговара:

- Прашајте го премиерот. Оперативните работи на функционирањето на министерството се надлежност на министерот. Програмските активности на министерствата произлегуваат од програмата на Владата и во тој контекст нема спор по тоа дали минстерот треба секоја активност претходно да ја најави или да побара одобрение или дозвола. И во тој контекст законот дава слобода на раководењето со институцијата, а раководењето е во скопл на законските надлежности и во тој контекст не гледам спор, вели Џафери во интервјуто.

17.08.2013 - 16:00

најчитано сега