Основните училишта во Ѓорче Петров спремни за стартот на новата учебна година
Шесте основни училишта во општината Ѓорче Петров подготвено ќе ја дочекаат новата учебна година, соопшти денеска службата за информирање на општината.
Според соопштението, во тек на летниот распуст се работело интензивно, при што се поправени фасадите од училиштата и подовите во поголем дел од училниците, бојадисани се ѕидовите, а обновен е и стариот училишен инвентар.
- На спортските игралишта што се наоѓаат во рамки на училиштата интервенирано е на промена на оштетените реквизити: кошеви, рефлектори, клупи, а воедно ќе бидат поправени и сите оштетувања на оградите од училиштата. Се градат и пристапни рампи за инвалидски лица во сите основни училишта во општината. Деновиве екипи од општината интензивно работат на уредување и оплеменување на училишните дворови, се вели во соопштението.
ФОТО: Нетпрес