Извештајот за „Скопје 2014“ утре оди во рацете на јавното обвинителство
Градоначалникот на општина Центар утре ќе го поднесе прелиминарниот извештај на комисијата за ревизија на Скопје 2014 до јавното обвинителство.
Малиновски и Тасева во понеделникот излегоа со првичните резултати од 3 месечната ревизија на Скопје 2014. Тасева рече дека откриени се десетина нерегуларности, меѓу кои клучни се како што рече, неоснованото префрлање пари од сметката на централаната власт на онаа на општина Центар. Според Тасева, Владата немала законска можност да финансира проекти на општината кои не се инфраструктурни. Ревизијата според Тасева утврдила и дека општина Центар незаконски ги градела мостовите на реката Вардар, бидејќи за тоа надлежност имал градот Скопје.
Меѓу останатите неправилности кои според Тасева ги утврдила ревизијата, таа спомена дека спомениците се граделе без претходно општина Центар да донесе план и програма за нивна изградба, односно програмата се носела откако претходно ќе се изгласала одлука за изградба на споменици.
Тасева и Малиновски за ангажманот заработија 10.000 евра.