Ристовски: Санкции и откази за злоупотреби во доделувањето места во студентските домови
Сместувањето во студентските домови ја заврши првата фаза согласно законската постапка во која апликациите ги поднесуваа студенти од втора, трета и четврта година, информираше на денешната прес-конференција министерот за образование и наука Спиро Ристовски одговарајќи на новинарско прашање.
Додаде дека се пристигнати над 5.000 апликации за студентските места во сите студентски домови во Македонија и оти од 19 август продолжува аплицирањето на бруцошите.
- Апелирам до раководството во студентските домови, до надлежните управители и комисијата што ќе селектира, а истовремено да порачам до јавноста дека оваа година максимум ќе дадеме од себе за целиот процес биде исклучително транспарентен и да се намалат сите шпекулациите за ургенции, влијанија и неправилна распределба на студентските места, истакна Ристовски.
Единствен критериум, рече тој, ќе биде законскиот. - Секој што ги исполнува критериумите ќе добие место во студентскиот дом, а тие што не ги исполнуваат услови нема да добијат. Доколку се констатира дека некој ја злоупотребил својата позиција ќе биде соодветно санкциониран, а не е исклучено и негово разрешување, истакна Ристовски.
ФОТО: МИА