Сарачини најавува подобрување на економската состојба во Македонија

 

 

МИнистерот за економија Ваљон Сарачини денеска истакна дека во втората половина од годинава се очекува подобрување на економската состојба во државата, најавувајќи дека европските компании ќе ги активираат нарачките, со што ќе се зголемат домашното производство и извозот, а ќе се намали трговскиот дефицит.

Одговарајќи на новинарски прашања по означувањето на стартот на новиот проект за реформи во енергетскиот сектор, Сарачини напомена дека Владата континуирано презема мерки за поддршка на бизнис секторот.

- Само во Министерството за економија има пет програми за поддршка на малите и средните претпријатија, но исклучително ефективни се покажаа и евтините кредитини линии од Евроспката инвестициска банка од кои досега се искористени 78 милиони евра, а до крајот на годинава се очекува на реализација на уште 22 милиона, истакна Сарачини.

Според него, Македонија нема трговски проблеми со Косово, успеа да го пролонгира за три месеци воведувањето на административните такси за превозниците.

Договори во овој сегмент, како што рече Сарачини, постојат од двете страни, но претстои нивно усогласување.

- Во втората половина на септември очекувам да биде надминат и овој проблем, посочи министерот.

најчитано сега