Илинден ќе се спаси од досадните комарци

 

Од Општина Илинден информираат дека утре со почеток во 22 часот ќе се изврши прскање против комарци на подрачјето на Општината. Акцијата ќе ја извршат екипите на Центарот за јавно здравје согласно програмата за поголема безбедност и заштита на граѓаните од појавата на комарци, а ќе опфати површина од 200 хектари. Теристричното прскање против комарци ќе се спроведува со апаратура за УЛВ ладно запрашување од специјално возило.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши следниот ден, во истиот термин, кога временските условите ќе бидат поволни.

 

 

најчитано сега