Радост за пензионерите - во Бутел никнаа три нови пензионерски клубови

 

Општина Бутел отвори три нови пензионерски клубови во три различни населби. Прв е отворен во населбата Бутел 2, веднаш до детската градинка, со корисна површина од 80м2, потоа пензионерскиот клуб во населбата Скопје Север со површина од 60м2, за кој општината ќе плаќа месечна закупнина од 10.000 денари бидејќи во таа населба не постои општински простор.

Третиот новоотворен пензионерски клуб, кој е всушност и седиште на Здружението на пензионери „Бутел“ е сместен во трговскиот центар „Живко Брајковски“ со корисна површина од 100м2.

За дружење и комуникација на пензионерите  во текот на целиот ден, каде се игра шах, табла, домино, карти и пикадо, во подготовка се и пензионерските клубови во Љуботенски пат и Радишани.

најчитано сега