Лозарите бараат 14 денари за вранец и 12 за смедеревка

 

По 14 денари за килограм вранец и 12 за смедервка бараат лозарите од винарските визби чии претставници денеска се на средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Претседателот на Регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија” Љупчо Аризанов изјави дека производителите очекуват нивниот предлог да биде прифтен од страна на винарите.

- Бараме цени малку повисоки од лани. Со повисоките цени и со субвенциите што ги добиваме, лозаропроизводството ќе биде исплатливо, рече Аризанов.

Во најголемиот лозаровинарски регион во тек е бербата на висококвалитетните сорти грозје. 

ФОТО: Сител

најчитано сега