Братот на Обама денеска доаѓа во Скопје

 

Абонго Малик Обама, братот на американскиот претседател Барак Обама, денеска доаѓа во Македонија. Тој во Скопје ќе ја прими Балканската Повелба за мир на фондацијата „Барак Х. Обама“, која го носи името на  таткото на Барак Обама, претседател на САД и добитник на Нобелова награда за мир. Наградата ја доделува Балканскиот клуб на мирот. После церемонијата, делегација на Балканскиот клуб на мирот во придужба со Малик Обама ќе замине во Мировна мисија низ Балканските земји. Настанот ќе се одржи во хотелот Алекандар Палас со почеток во 16 часот. 

 

Балканскиот клуб на мирот е меѓународна организација формирана од членови од 12 земји од Балканот, призната од многу меѓународни организации. Првата Балканска Повелба за мир беше доделена на град Скопје, родниот град на Мајка Тереза и добитничка на Нобелова награда за мир. Во иднина ќе се доделат и Балкански повелби за мир на организации,медиуми и поединци кои помогнале да се зачува мирот во светот.

најчитано сега