Турска невладина организација им помогна на социјално загрозените кочанчани

 

Волонтери од невладината организација „Европски волонтерски сервис“ од градчето Измит, Република Турција, престојот во Кочани го искористија за донирање на облека, обувки и училишен прибор на стотина семејства со социјален статус.

- Донацијата ја донесовме од Турција, а со посредство на наши пријатели обезбедивме донација и од фирми од Кочани и Скопје, истакнува Сермен Четин, волонтер во Европскиот волонтерски сервис од Турција. Престојот во Кочани ќе го искористиме и за реализирање на нашиот проект во кој се влезени семејствата со социјален ризик во Кочани и уште неколку градови од овој дел на Македонија, истакна Четин.

Волонтерите од Турција се сретнаа и со градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски, на која средба се договорени повеќе активности за надминување на проблемите кои се присутни кај семејствата со социјален ризик кои живеат во старата касарна во Кочани. 

 

најчитано сега