Неколку општини во Скопје утре ќе бидат без струја

 

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето кое го добија од ЕВН Македонија АД, излезе во јавноста со соопштение дека на ден  13.08.2013 во вторник без електрична енергија ќе останат жителите на Кисела Вода во периодот од 11.30 до 13.30 часот, поточно корисниците од дел од ул. Робеспјерова. Без електрично напојување ќе останат и оние кои што живеат во оптшина Ѓорче Петров  во периодот од 09.00 до 15.30 часот, поточно корисниците од ул. 72 и околните улици во село Волково. Во периодот од 11.00 до 15.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улица Стоби општина Ѓ.Петров. Во Периодот од 08:30 до 15.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од бул.Партизански Одреди зграда број 107 во  општина Карпош. Исто така без струја во периодот од 09.30 до 12.00 часот ќе бидат корисниците од ул.Лука Геров бр. 61. во општина Ѓ.Петров, како и корисните од село Копаница во општина Сарај во периодот од 09.30 до 15.30 часот.

 

најчитано сега