Поповолна состојбата во градежните фирми
Раководителите на деловните субјекти од градежништвото во анкета на Државниот завод за статистика оценуваат дека економската и финансиската состојба на градежните фирми во вториот квартал годинава во однос на претходниот, како и споредено со вториот квартал лани, е поповолна и подобра.
Нивните очекувања за бројот на вработени во наредниот период се поволни, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е поповолна во споредба со претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се подобрува и е над нормалата. Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат немањето побарувачка со 20,8 проценти, зголемените трошоци за материјали со 19,8 проценти, зголемените финансиски трошоци (камати) со 15,2 проценти и конкуренција во сопствениот сектор со 11,6 проценти.