Масовна хистерија за инфлација

 

Деновиве, анализирајќи ги сите сценарија што Сорос ги има спроведено во повеќе држави во светот преку валутни шпекулации, како што се Англија, Германија, Јапонија, Полска, наидов на едно сценарио кое беше применето и во Република Македонија, нанесувајќи ни како држава значителна финансиска штета. Целта беше, преку креирање на масовна хистерија за инфлација, да се дестабилизира денарот и со тоа да падне целиот финсиски систем во државата.

Само да потсетам, дополнителниот заменик министер за финасии Кире Наумов минатата година излезе со спектакуларни изјави за можна девалвација на денарот и хиперинфлација во Република Македонија, а ова сценарио дополнително беше зачинето со неколку пропратни изјави на Фрчковски и финансиски неписмениот (или: финансискиот аналфабет) Гошев. Епилог на овој процес беше продажбата на еврообрзницата за 1.5 до 2% повисока камата од планираната, како и трошоците што непотребно ги направија Народната банка на Република Македонија и комерцијалните банки во државата со пуштање во оптек на поголема сума на евра на пазарот.

Но, експертите на Сорос, преку Наумов и Гошев, заборавија на еден битен момент – а тоа е дека Република Македонија, всушност, го применува Кензијанскиот модел на банкарство, без креирање на пирамиди или фиктивни пари што, во суштина, беше клучниот фактор за стабилност на банкарскиот систем во текот на европската банкарска криза, а се покажа имун и на Соросовите шпекулации. Благодарение на фискалната политика на Владата Македонија и Народната Банка, ударот на Сорос релативно лесно беше поднесен, иако не и без одредена материјална штета. Имено, повисоката цена за еврообврзницата, како и другите непланирани финасиски издатоци на Народната банка и комерцијалните банки нѐ чинеа повеќе од 20.000.000 евра (според моја груба пресметка). Притоа, во оваа моја пресметка воопшто не се вклучени нервозата граѓани пред шалтерите во банките, додека ги чекаа своите заштеди и сите стресови низ кои поминаа за време на наметнатата криза од 1 месец, колку што таа траеше.

Еве доволно материјал за Зврлевски и сите институции што се занимаваат со заштита на државниот интерес да започнат постапка против Наумов и Гошев, како промотори на кризата, за нанесена штета врз Република Македонија. Јавно го повикувам Зврлевски да отпочне процес против Наумов, Гошев и Фрчковски за изнесување на шпекулации и невистини на штета на буџетот и државните интереси.

Притоа, штетата многу лесно може да биде пресметана од Народната банка и Министерството за финасии. Само треба да се види која беше цената на еврообврзницата пред да бидат испратени писмата од страна на Наумов до сите заинтересирани купувачи. И јавноста има право да ја знае вистината, па убаво би било тие писма да ја здогледаат светлината на денот, односно да бидат објавени од страна на Министерството за финансии за да се види како директно се работи против интересите на сопствената држава. Воедно, Зврлевски треба да побара надомест на штетата од сите сценаристи, вклучувајќи ја и партијата СДСМ, од каде овие функционери произлегоа. Штетата е направена и некој мора да ја плати! Зошто граѓаните, за сметка на марионетите на Сорос, да плаќаат за нечие туѓо сценарио?!

Христијан Делев

 
 
27.01.2017 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега