Долги колони на Табановце и Богородица - се чека по половина час
На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ има долга колона возила, а се чека и по половина час, информира АМСМ.
Инаку, на останатите патишта сообраќајот се одвива без проблеми.
На неколку патни правци се извршуваат разни градежни работи поради што се препорачува зголемена внимателност.
За потребите на проектна документација за рехалибитација на патниот правец А-1 делница Миладиновци - Куманово во двата правци од 16.07.2013 година започна геодетско снимање на споменатиот патен правец, поради што се препорачува внимателно управување со возилата поради присуство на работници на споменатиот патен правец.
На патниот правец Гостивар - Охрид од 1 јули 2013 има ограничен режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето е во следните периоди: петок од 15:00 - 24:00 часот, сабота и недела 07:00 - 24:00 часот. Овој режим на движење ќе важи до 1 септември 2013 година.
На сила е забраната за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до 01.09.2013 година.
Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово - Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас.