Виолинист од Македонија најуспешен на натпревар во Ниш

 

Виолинистот од Македонија, Бојан Илкоски, се покажа како најуспешен на натпревар во Ниш.

Бојан  ја освои првата награда на 6. Меѓународен натпревар за гудачи во Ниш, Србија.

Илиоски студира на Факултетот за музичка уметност во  Скопје во класата на професор Олег Кондратенко. Во досегашната кариера бележи бројни домашни и меѓународни успеси, награди и признанија, а настапува во Македонија, Романија, Бугарија, Србија, Хрватска...

- За мене како млад виолинист ова признание ми значи бидејќи е меѓународна потврда за повеќегодишната надградба и макотрпна работа, како индивидуално, така и со мојот професор. Македонската публика наскоро ќе има можност да го слушне мојот следен рецитал кој ќе се одржи на 21 мај во организација на КИЦ-Скопје каде ќе настапам со еден од најуспешните македонски пијанисти Дино Имери, вели Илиоски.

најчитано сега