Бајден во интервју за „Катимерини“ не ја спомена Македонија

 

Американско-грчките односи се од големо значење за двете земји и тоа е силно партнерство врз основа на заедничките вредности кои не прават не само блиски сојузници, туку и добри пријатели, изјави американсиот потретседател Џо Бајден во интервју за „Катимерини“ во пресрет на посетата на грчкиот премиер Самарас на САД.

- Со нетрпение очекуваме да разговараме за претседателство на Грција со ЕУ во 2014 година, и како ние мислиме дека може да помогне во унапредувањето на нашите заеднички цели. Тоа вклучува се, од проширување на трговијата меѓу Соединетите Држави и Европа до поддршката на меѓународните и ЕУ напорите да се дојде до мирно решение на конфликтот во Сирија, за унапредување на пошироката визија за Европа, цела и слободна, рече Бајден.

Тој додаде дека „САД во голема мера цени се што прави Грција за да помогне во решавањето на голем број глобални безбедносни предизвици - од логистика за сојузничките операции во Либија до поддршката на напорите за стабилизација на Косово“.

 - Грција останува глас во источниот Медитеран кој е од суштинско значење. Јас сум охрабрен од неодамнешните напори да се развијат поблиски врски и да се изгради доверба меѓу грчката и турската влада и верувам дека ова може да има позитивен ефект врз безбедноста и стабилноста во целиот регион, вклучително и во Кипар. Во однос на вториот проблем, со нетрпение го очекуваме продолжувањето на преговори и подготвени сме да соработуваме тесно и активно со Обединетите нации, двете кипарски заедници, како и со Турција и Грција, за да се најде взаемно прифатливо решение кое ќе доведе до помирување и повторно обединување на островот како федерациjа на две зони и две заедници, изјави Бајден за „Катимерини“.

ФОТО: Сител

14:18

најчитано сега