Попоски: Континуирано стипендирање на талентирани спортисти
Во Општина Аеродром ќе бидат изградени 8 тениски игралишта и едно игралиште со 400 гледачи, појасни денеска носителот на ИЕ 1, Никола Попоски.
– И во Општина Центар имаме предвидено 9 тениски игралишта кои ќе бидат дел од тениската академија. Предвидено е и да продолжиме со стипендирањето на врвни спортисти бидејќи на тој начин со изградба на инфраструктура и со поттикнување на развој на врвен спорт ќе имаме повеќе победи за Македонија, рече Попоски.
07.12.2016 - 14:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа