Поради грубите закани ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на седницата во паркот спроти Бристол
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја известува јавноста дека вчера не присуствуваше на седницата на Општина Центар во паркот спроти Бристол единствено поради грубите закани и спречувањето на советниците кое беше направено од страна на партиски активисти на СДСМ и ЛДП. Тоа веројатно се истите оние кои се на платниот список на општина Центар, платени од страна на граѓаните од оваа општина.
Со тоа се докажа дека приредениот настан не е никаква вонредна седница на Советот туку мини партиски собир за еднострана политичка промоција на СДСМ и градоначалникот Жерновски. Тие така покажаа дека не сакаат да слушнат поинакво мислење и да се соочат со аргументите, туку единствено да приредат евтин театар. Граѓаните на општина Центар се злоупотребени од Жерновски кој наместо да изгради нешто, со пари на граѓаните ги плаќаат неговите партиски собири. Самиот факт што Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ иако со добра и искрена намера сакаше да присуствува на настанот беше спречена од активистите на СДСМ и ЛДП покажува дека Жерновски бега да се соочи со вистината.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ и Градоначалникот Жерновски да се откажат од ваквата манипулаторска и насилна реторика како и од грубата злоупотреба на општната за партиски интереси. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги штити и да работи за интересите на граѓаните.