Пукано со огнено оружје кон стан на старец од Скопје

Вчера во стан во Скопје во сопственост на 75-годишниот М.А. завршил заталкан проектил од огнено оружје.

Непознат сторител од непознато место испукал проектил од огнено оружје со што го пробил едното прозорско стакло од прозорот од дневната соба и застанал помеѓу двете прозорски стакла. Од испуканиот проектил нема повредени лица, а оштетено е прозорското стакло и е причинета материјална штета. Од местото на настанот подигнат е  проектилот кој ќе биде предаден за понатамошна постапка.

најчитано сега