Пукотници во кафе бар во Сараево - шест лица се повредени
Шест лица се повредени во пукотници што се случија синоќа во кафе-бар во сараевската населба Добриња.
Најверојатно мета на нападот бил сопственикот на локалот. Нападот се случил кога двајца напаѓачи влегле во објектот и почнале да пукаат со пиштол и со автоматска пушка.
Шест лица се повредени, а три од нив се со посериозни повреди.
Полицијата трага по сторителите.
ФОТО: Нетпрес
10:12