Финални спортски натпревари по повод Денот на АРМ

 

Денеска, на Воениот стадион во Скопје ќе се одржат финални натпревари во кошарка, одбојка, фудбал, пинг-понг, шах и крос – кантри,  во рамки на одбележување на  Денот на АРМ - 18 Август. 

На натпреварите ќе учествуваат 150 припадници на АРМ, а во изминатите две недели беа вклучени 1.500. Натпреварувањата се одвиваа во сите гарнизони на АРМ низ Републиката.

Пред учесниците на финалните натпревари е најавено обраќање на началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески.

најчитано сега