Грција презема вонредни мерки поради опасноста од пожари

 

Грчките власти презедоа вонредни мерки поради опасност од пожари. Патроли на грчката армија и полиција ќе бидат во состојба на зголемена готовност, се забранува и движењето на автомобили и пешачењето во шумските области во близина до градовите.

- Грција има потреба од 11 милиони чувари за да се заштити од пожари природното богатство на земјата, рече Дендиас и повика не само на доброволна активност, туку и за сеопшта цивилна мобилизација, за да биде спречена реалната опасност од пожари, објави  Никос Дендиас, министерот за јавен ред и заштита на граѓаните на Грција.

Весникот „Та неа“ пишува дека за таа цел е одлучено да биде задолжена грчката полиција и да бидат формирани патроли, кои ќе ги обиколуваат шумските реони и ќе ги обезбедуваат заедно со противпожарните сили. Се предвидува да бидат пуштени и патроли на армијата.

ФОТО: Журнал

09:11

најчитано сега