Голем интерес кај студентите за аплицирање во студентските домови

 

Студентскиот Парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје во периодот од 22 јули до 5 август годинава одговорил на повеќе од 250 прашања поврзани со процесот на аплицирање за легла во студентските домови, соопштуваат од организацијата. Оттаму информираат дека за време на „Отворените денови“ студентите се интересирале повеќе за технички и прашања поврзани со процедурата за аплицирање.

- Некои од нив беа упатени и до останатите засегнати институции, се со цел да им се помогне повеќе и да нема прашања кои ќе останат неодговорени. Сепак, нé радува тоа што студентите бараат помош и отворено пристапуваат кон нас како легитимен претставник на студентите, оној кој се грижи за нивните интереси и благосостојба, стои во соопштението.

Од Студентскиот Парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје велат дека организацијата и понатаму ќе го следи процесот со цел да биде транспарентен и студентите да не излезат оштетени од него.

ФОТО: udim.edu.mk

најчитано сега