Аеродромци ќе се паркираат бесплатно на две нови паркиралишта
Општината Аеродром ќе добие две нови бесплатни паркиралишта.
Паркиралиштата ќе бидат во близина на паркот „Аеродром“, кај трафостаницата на ЕВН, а ќе бидат со капацитет од околу 150 нови паркинг-места, а ќе бидат и целосно осветлени.
Првото паркиралиште кое ќе се гради до фудбалското игралиште е со вкупна површина од околу 2 300 квадратни метри, со капацитет од околу 100 паркинг-места, додека второто во близина на паркот „Аеродром“ е со вкупна површина од 1 400 квадратни метри и со капцитет од околу 50 паркинг места.
ФОТО: Нетпрес
13:06