Жерновски даде отчет за сработеното
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, даде отчет за сработеното во 100-те дена.
Жерновски денеска одговори на обвинувањето на власта дека доцни со отчетот и дека освен една дислоцирана канделабра ништо не сработил.
-Ова се тенденциозни напади. Забораваат дека во Центар имаше 3 изборни круга на гласање. Јас нема да внесувам политика во општината, а работам и ќе работам, а тоа го покажува и отчетот од кој јасносе гледа дека се што беше во изборната програма е 98 проценти реализирано или започнато, вели Жерновски.
Жерновски по повтори дека не го поддржува проектот Скопје 2014, но, нема да урива.
- Позади грандиозните изданија од Скопје 2014 се кријат илјадници нерешени животни прашања. Општината беше 13 години киднапирана од власта и ние ја враќаме на граѓаните. Конечно општината е раководена од општинските бараки, а не од централната власт. Она што го ветив е отвореноста и транспарентноста. Секоја последна среда има Отворен ден со граѓаните, а редовно со стручните лица и раководителите одиме на лице место да ги чуеме жителите на Центар. Се надевам дека граѓаните добија свој човек во општината“, вели градоначалникот.
Жерновски ги наведе следниве проекти на Општина Центар:
-Од 1 јули центарци добија бесплатен паркинг
-Отпочна процесот на гасификацијата на општината. По завршувањето на гасификацијата на ОУ Димитар Миладинов, процесот на гасификација продолжува. Одлуката на Градот да се откаже од гасификацијата, за Жерносвки е политички, бидејќи гасификацијата се реализира во трите општини под раководство на опозицијата-Струмица, Куманово и Центар.
-Завршена е реконструкцијата или во тек е реконструкција на улиците Пајак, Роса Плавева, 8-март, Питу Гули, Благоја Давков и Ѓорѓи Пулевски.
-Почна изградбата на нов сквер Буњаковец
-Се подига нивото на одржување на хигиената и зеленилото
-За 100 дена издздени се 219 решенија за легализација
-Се расчистуваат 32 диви депонии
-Целосно е исчистен дивиот пазар под Кале
-Подигнат е нов парк до Цветниот пазар
-Отпочна реализацијата на проектот за обновени енергетско-ефикасни фасади
-Отпочнаа активности за изградба на ново основно училиште во Капиштец
-Целосно се санира новата спортска сала во ОУ Гоце Делчев
-По 58 години се ставаат нови подови во ОУ Димитар Миладинов
-Распишана е јавна набавка за изградба на нова детска градинка
-Отворена е првата општинска библиотека-читалната Славко Јаневски
-Отворен е нов пензионерски клуб.