Заев ќе бара совети од Црвенковски
Во интервју за Утрински весник, актуелниот лидер на социјалдемократите Зоран Заев, вели дека во иднина, ќе се консултира со екс претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, бидејќи, како што вели, „неговото искуство е од голема важност за СДСМ“.
-Бранко Црвенковски има богато политичко искуство кое може да му помогне на секој политичар. Досега сме имале три средби. Го посетив да видам каде се канцелариите на поранешниот претседател на државата, немав одено порано. Немам комплекси како некој ќе го толкува тоа. Ако мислам дека треба да послушам одредена сугестија од Црвенковски ќе послушам. Тој дури е и премногу внимателен, не сакајќи да остави впечаток дека нешто прави од заднина. Кога сакав да го консултирам за одредени измени на Статутот на СДСМ, тој одби, не сакајќи тоа да се толкува дека се меша во процесот. Во иднина ќе го консултирам за многу работи, неговото искуство е од голема важност за СДСМ, но конечните одлуките ќе ги носат органите и телата на партијата впрочем како и досега, вели Заев во интервјуто за Утрински весник.