Рецепт на Гордон Ремзи: Направете тирамису за само 2 минути (ВИДЕО)
Ви се јаде нешто благо и брзо? Нема да најдете ништо побрзо од овој рецепт кој ви го претставува познатиот кувар Гордон Ремзи.
Состојки:
120 г шеќер во прав
300 г слатка павлака
екстракт од ванила
250 г маскарпоне
пишкоти
чашка црно кафе
Подготовка:
Во сад ставете го шеќерот во прав, додајте ја слатката павлака и измешајте. Во друг сад ставете го маскарпонето и екстрактот од ванила и добро измешајте. Мешавината на маскарпоне и ванила додајте ја во шлагот и сето заедно убаво изматете го со миксер. Пишкотите скршете ги на половина, натопете ги во кафето и ставете ги во чаша.
Ставете од смесата во чаши и изрендајте темно чоколадо
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа