Скопје ќе се спаси од комарците
Град Скопје ги известува граѓаните дека во текот на оваа недела ќе биде извршена авионска и терестрична дезинсекција против комарци на подрачјето на главниот град.
Како што се наведува во соопштението, четвртиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) годинава против комарци на подрачјето на Град Скопје ќе се одвива денеска и утре од 5:30 до 8 часот, додека на дезинсекцијата од земја (терестрична) ќе се одвива од 5 до 9 август (од понеделник до петок), од 1 до 5 часот.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, таа ќе се изврши следниот ден, во истиот термин, кога условите ќе бидат поволни, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.