БРАВО: Малиот Давид и донесе два медала на Македонија за една недела

 
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески организираше прием за освојувачот на бронза од балканско, а злато на европското џиу џица првенство, македонскиот борец Давид Димовски.
Давид Дамовски (-52 кг) стана европски шамипон за помлади кадети У-12 на Европското првенство во џиу џица за кадети и јуниори во Гелзенкирхен, Германија. До златниот медал Дамовски дојде по три победи над противниците од Германија и Шведска. Добра подлога му беше Балканското првенство во Кипар пред една недела  каде го освои бронзениот медал.
Можеби успехот и не е случаен кога се знае дека личен тренер на Давид му е неговиот дедо Ѓоко Атанасов, шесткратен шампион на поранешна Југославија, така што двата медала за една недела не се изненадување.
 -Сепак, два медала за една недела, апсолутно, е изненадување“, изјави претседателот на џиу џицу федерација на Македонија Александар Ацевски
Инаку на ЕП во Гелзенкирхен на стадионот на ФК Шалке 04 се појавија 1.200 натпреварувачи на 14 борилишта со 100 судии. Интересна била трансформацијата на фудбалскиот терен, затоа што тревата автоматски се отстранувала.
Ацевски вели дека величествената слика на стадионот ги покрила сите организациски пропусти, но и Германците ништо не препуштиле на случајност. Се било транспарентни и до минута точно. Жребувањето се направило транспарентно пред сите тренери.
Според селекторот на џиу џицу репрезентацијата, златниот медал на Дамовски на ЕП е потег што треба да го следат и другите натпреварувачи и тренери.
-Ова е многу значаен медал за џиу џица спортот во Македонија. И, секако, моја лична сатисфакција за понатамошна работа и признание за вложениот труд во изминатите 10 години, истакнува Ацевски.
Следните активности на репрезентацијата се Меѓународните турнири во Темерин-Србија, на 14 октомври и на 22октомври во Сараево, Босна и Херцеговина,  а круна на сезоната ќе биде на 5 ноември во Скопје на „Скопје опен 2016“.
 
 
30.09.2016 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега