Победете ги есенските настинки: Со 4 портокали направете 9 литри сок!
Од само 4 портокали направете 9 литри сок и со витамини заштитете се од есенските настинки.
- 4 портокали
- 1 кг. шеќер
- 30 грама лимонтус
- 9 литри вода
ПОДГОТОВКА:
- Портокалите добро измијте ги, прелијте ги со врела вода за да ја отстраните горчината, избришете ги и ставете ги во замрзнувач на час-два.
- Извадете ги од замрзнувач, исечете ги и сомелете ги во машина за мелење месо или во блендер.
- Смесата прелијте ја со три литри вода. Добиената маса оставете ја да отстои десетина минути.
- Потоа процедете, па во процедениот сок додајте 6 литри вода, шеќер и лимонтус. Мешајте додека шеќерот не се расстопи и ставете го сокот во шишиња.
29.09.2016 - 09:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа