Стартува второто коло од фудбалската Лига на шампиони

 

Со осумте натпревари кои ќе се играат вечерва ќе започне 2.коло во фудбалската Лига на шампиони.

Најголемо внимание се очекува да привлече дуелот во Дортмунд, каде кај германскиот вицепрвак Борусија гостува актуелниот европски шампион Реал Мадрид.

Ова е натпревар од Ф групата во која вечерва ќе играат и Спортинг Лисабон – Легија Варшава. 

Во останатите три групи двојките се: 
Е група: Монако – Баер Леверкузен и ЦСКА Москва – Тотенхем. 
Г група: Лестер – Порто и Копенхаген – Клуб Бриж. 
Х група: Севиља – Олимпик Лион и Динамо Загреб – Јувентус.

Сите натпревари ќе почнат во терминот од 20:45 часот. 

 
 
27.09.2016 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега