Над 3.000 италијански навивачи доаѓаат да ја бодрат својата репрезентација во Скопје

 
На почетокот на октомври фудбалската репрезентација на Македонија е пред нов предизвик. Во Скопје на Националната Арена „Филип Втори“ Македонија ќе ги пречека селекциите на Израел и на Италија.
 
Израел не е магнет за гледачите, но затоа пак Италија која првпат ќе гостува во Скопје ќе биде можност стадионот да се исполни до последното место. Во натпреварот од квалификациите се очекува „азурите“ да се појават во најсилниот состав, предводени од голманот Буфон, Верати, Имобиле, Кјелини, и другите.
 
Според информацијата од сајтот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се очекува гостинската селекција да ја бодрат над 3.000 италијански навивачи на дуелот што ќе се игра на 9 октомври.
 
ФФМ одреди поволна блок цена за двата натпревара со Израел (6 октомври) и Италија (9 октомври) и тоа за трибините: север и југ ќе биде - 500 денари, додека за западната трибина - 250 денари.
 
 
23.09.2016 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега