Со богата програма ќе се затвори културното лето „Три круши“

 

Богата музичка програма и бројни изненадувања ќе понуди свеченото затворање на овогодинешното културно лето Три круши”, најавуваат од Општина Кисела Вода. Годинава се одржаа вкупно 15 манифестации на кои продефилираа неколку стотини естрадни уметници, театри, ансамбли и културно – уметнички друштва, актери и хумористи.

Свеченото затворање ќе се одржи в сабота на верско-рекреативниот центар Три круши, каде со почеток во 20:30 часот, со шаренолика музичка програма ќе се навратиме на корените и традицијата. Најпрвин, пред драчевската публика ќе се претстави младата и надежна музичка ѕвезда Даниел Тошевски, по што ќе следи настапот на културно-уметничките друштва Китка, Никола Јонков Вапцаров и Јордан Мијалков. Крајот на годинашното културно лето ќе биде означен со настапот на најголемите музички ѕвезди на македонската фолк сцена, Војо Стојановски и Сузана Спасовска.

 

Влезот за граѓаните е отворен.

најчитано сега