Проблеми за АБА лигата: Националните федерации ја бојкотираат
Националните кошаркарски федерации, чии членки сезонава ќе играат во регионалната АБА лига, не се појавиле на седницата на Собранието на АБА лигата кое се одржа во Загреб.
Ова е само уште една потврда дека ова регионално натпреварување ќе се најде на „ветромет“ кога во прашање се релациите на федерациите и клубовите, а особено по спорот меѓу ФИБА и УЛЕБ.
Иако поканети од страна на раководството на АБА, на состанокот немало претставници од федерациите на ниту една држава коај дава свој претставници во лигата.
За ваквата одлука на федерациите од АБА со став: „На тој начин уште еднаш покажаа дека не се подготвени за разговор и за заедничка работа кон развојот на сите кошаркарски субјекти во регионот. Собранието на АБА лигата изразува надеж дека националните сојузи ќе го променат својот став, но и цврстото определување со сите расположиви сили да ја бранат единствената желба на клубовите да играат и понатаму да ја унапредуваат регионалната лига" – се вели во соопштението на АБА лигата.
Инаку во новата сезона од ова натпреварување кое ќе старува на 29 септември, Македонија ќе биде преставувана со два тима, шампионот МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи.
Први на сцената треба да настапат кошаркарите на МЗТ Скопје кои на 30 септември гостуваат во Белград кај шампионот Црвена Звезда, додека ден подоцна (1 октомври) Карпош Соколи своето деби ќе го има на гостувањето кај Крка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа