Претседателката на КМФ Велес на средба со градоначалникот Чадиев

 

Денеска Претседателката на клубот во мал фудбал Велес, Бојана Скендеровска оствари работна средба со Градоначалникот на Велес, Стевче Чадиев. Тема на рзговорите беше заедничката соработка околу санација и реновирање на спортската сала Гемиџии, каде што КМФ Велес ќе ги игра своите натпревари од домашното првенство и настапите од Лигата на шампионите идната година. 

Беше констатирано дека неопходното со заеднички сили на клубот и општината Велес тоа да се реализира етапно, во неколку фази и со тоа салата ќе прерасне во спортски центар во кој ќе се организираат многу настани од спортски и културен карактер. Од тоа бенефитот нема да го има само КМФ Велес, туку и сите спортски екипи кои ќе настапат во салата како и организирање на многу музички настани. 

Само за потсетување од оваа година КМФ Велес прераснува во вистнски професионален клуб кој веќе оваа сезона има амбиции да ја донесе првата шампионска титула во градот на Гемиџиите. 

Веќе во сабота на 24-ти септември во 17 часот во спортската сала Гемџии љубителите на малиот фудбал ќе имаат шанса да го гледаат премиерното издание на КМФ на домашен терен против екипата на Чико од Валандово. Тоа ќе биде вистинско спортско доживување за сите љубители на спортот од градот, каде ќе има многу изненадувања за гледачите, а истовремено ќе биде рпомовирана и химната на клубот во изведба на велешанецот Мики Секуловски, чиј автор е познатиот хит мејкер Александар Митевски. 

 
 
21.09.2016 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега