Македонија со успех на Светското првенство во спортски риболов

 

Македонската риболовна репрезентација се врати од 63-то Светско првенство во спортски риболов, во дисциплината пливка, кое се одржа на каналот во Пловдив, Бугарија.

На оваа Светско првенство учествуваа 34 национални тимови, а вреди да се напомене дека нашата репрезентација за прв пат од учествата на овие светски првенства имаше одличен успех освојувајќи го 16 место.  Најдобри беа Унгарија освојувајки го оваа светско првенство, второто место го освоија риболовците од Чешка, а на третото место се пласираа Англија. Во поединечен пласман светски шампион стана Словенецот Амброзиќ Јернеј.

Нашите репрезентативци успеаа да докажат дека можат да се носат со големите имиња од риболовот и повеќекратните светски шампиони кои останаа во поединечните пласмани зад нашите момчиња.

mk-ribolov2

Пласман за поздравување и досега недостигнат од некој наш натпреварувач на светските првенства – Филип Таушанов и Маријан Ристиќ од нашиот национален тим. Маријан Ристиќ кој беше втор во неговиот сектор во првиот натпреварувачки ден и во конечниот пласман го освои 24 место, Филип Таушанов исто така успеа да го покаже својот квалитет и во вториот натпреварувачки ден го освои високото второ место во неговиот сектор и вкупно 15 место во вториот натпреварувачки ден во поединечен пласман, можејки за 175 грама подобар улов да успее да биде и прв во сектор.

Тука беа и другите наши репрезентативци Горан Цуцуловски, Тони Гоговчевски, Зоран Кожухаров и Зоран Митевски кои исто така успеаа со својата умешност и искуство да дадат голем допринос за овој успех на Македонската риболовна репрезентација.

mk-ribolov1

Македонскиот национален тим покажа дека може во иднина со подобра организација и посветеност во наредните години на оваа големо светско натпреварување да смета и на уште повисок пласман и освојување на високо место кое носи медал за нашата држава.

Честитки за сите наши репрезентативци кои ја претставуваа Македонија во најсветлото издание до сега, честитки до МРФ, селекторот и стручниот тим кој беше со нашите натпреварувачи…

Екипа: Маријан Ристиќ (Вардар Скопје), Горан Цуцуловски (Св. Стефан Охрид), Зоран Кожухаров (Вардар Скопје), Зоран Митевски (Слајдер Куманово), Тони Гоговчевски (Вардар Скопје), и Филип Таушанов (Крап Радовиш).

 
 
20.09.2016 - 23:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега