По мирните ноќи во Скопје: Утринава нов земјотрес
Слаб земјотрес со магнитуда од 1,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во источниот дел во скопското епицентрално подрачје.
Земјотресот што се случи во 4 часот и 55 минути е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Ова е прв земјотрес по мирните ноќи во Скопје.
Инаку, најголемиот од серијата земјотреси се случи во неделата во 15 часот и 10 минути, со јачина од 5,1 степени.
16.09.2016 - 09:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа