СИТЕЛ: Никола Јанкуловски застана на чело на ректоратот на УКИМ
Никола Јанкуловски застана на чело на ректоратот на УКИМ. Ректорските инсигнии ги прими од неговиот претходник Велимир Стојковски кој два мандати беше ректор на најголемиот универзитет во Македонија. Унапредување на факултетското образование, зголемување на бројот на стипендии и спроведување на научни истражувања ќе бидат во фокусот на работата на Јанкуловски.
Сега веќе поранешниот ректор Велимир Стојковски кој долги години мина во ректоратот на својот наследник му порача да работи со посилно темпо бидејќи тоа е единствениот начин за унапредување на Универзитетот.
Никола Јанкуловски на ректорската фотеља седнува од позиција декан на Медицинскиот факултет во Скопје. Тој е 23-от ректор на УКИМ а неговиот мандат ќе трае 4 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа